Во Шведска вакцината на „Модерна“ нема да се дава на лица под 30 години

Шведска нема да ја користи вакцината на „Модерна“ против ковид-19 за луѓе родени во 1991 година и порано, по извештаите за можни ретки несакани ефекти како што е миокардитис, објави денеска Институтот за јавно здравје.
Шведскиот институт соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) кај младите луѓе кои биле вакцинирани.
„Врската е особено јасна во случајот со вакцината на Модерна, особено по втората доза“, се вели во соопштението.
Сепак, се додава дека ризикот од миокардитис и перикардитис е многу мал.
Институтот сега за оваа возрасна група ја препорачува вакцината на „Фајзер/Бионтек“.
Претходно оваа недела, Шведската агенција за јавно здравје објави дека децата на возраст од 12 до 15 години можат да примат само вакцина „Фајзер“.
Европската агенција за лекови ја одобри „Фајзер“ во мај, а „Модерна“ за деца над 12 години во јули.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
