Во Штип се реконструира улица во населбата „Радански пат“
Жители од штипската населба „Радански пат“ веќе нема да газат во кал, општината почна со реконструкција на улицата, што ги спојува улиците Радански пат и Широк Дол во населбата Автокоманда. Оваа улица беше една од сообраќајните црни точки во градот.
–Се работи за улица, на која ќе се изградат неколку потпорни ѕидови, ќе биде бетонска улица, со бетонски коловоз, со претходна реализација на сите потребни ископи, како и тампонирање на улицата. Висината на овој инвестициски зафат е 650 илјади денари, информираше градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски.
Инвестицискиот влог е на општината во соработка со Владата. Градежната офанзива на локалнaта власт во реконструкција и градба на нови улици во градот продолжува и во текот на оваа седмица. Бочварски најави и реконструкција и на улицата „Косовска“. Општи
Ново на Сител
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес

