Во Штип работилница за финансирање на НВО секторот
Анализите на невладиниот сектор покажуваат дека локалните власти во периодот од 2012 до 2017 година во источниот регион не доделиле ниту еден денар за проектни активности на здруженијата. Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница на денешната работилница за НВО секторот од источниот и југоисточниот регион посочува дека веќе од 2018 година полека се менуваат бројките и покажуваат на отворање и соработка на општините со невладините организации.
– Од 2018 година малку се менува таа состојба и дел од општините веќе доделија средства, кои се движат од 0,5 до 1 проценти од вкупните буџети на општините, но добро е што од некаде е почнато, вели Шарковски.
Досега пет општини од вкупно 11 во источниот регион имаат доделено средства на НВО секторот. Во југоисточна Македонија лидер е Општина Струмица, која има доделено 14 милиони денари, а во источна Македонија Штип со 1.200.000 денари. Шарковски додава дека веќе почнува кроењето на општинските буџети, а како невладини организации ќе инсистираат на локалните власти и наредната година да се доделуваат средства за проектни активности. Идејата е да се понудат проекти, кои што ќе бидат корисни пред се за граѓаните.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни

