Во септември зголемен бројот на туристи за 23,9 проценти

- Во Македонија во септември годинава имало 104.120 туристи, со 242.719 ноќевања, што во однос на септември лани претставува зголемување за 23,9 проценти, односно за 23,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во септември годинава споредено со септември минатата година имало за 29,1 процент повеќе странски туристи, со 22,8 проценти повеќе ноќавања, а за 10 проценти повеќе домашни туристи, кои бележат повеќе ноќевања за 23,8 проценти.
Во периодот јануари-септември година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 проценти, при што кај домашните има зголемување за 6,9 проценти, а кај странските за 23,7 проценти. Во првите девет месеци имало за 12,4 проценти повеќе ноќевања, со зголемување за 5,3 проценти кај домашните туристи и за 22,6 проценти кај странските.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
