Во Русија откриен споменик на Иван Грозни

Во рускиот град Орел вчера беше откриен првиот споменик на царот Иван Грозни, кој со земјата владеел во 16. век, иако на овој потег се противеа некои историчари и локални претсавници, пренесуваат француските медиуми.
Царот Иван IV Васиљевич со Русија владеел од 1547 до 1584 година и го добил прекарот „Грозни“, пред се, заради својата брутална политика. Тој создал тајна полиција која погубила илјадници лица, наведуваат француските медиуми.
Вадим Потомски, гувернер на рускиот регион Орел, одалечен од Москва околу 335 километри, го поддржа кревањето на споменикот наведувајќи во текот на инаугурацијата дека Иван Грозни бил „бранител на нашата земја, цар кој ги проширил нејзините граници“.
Споменикот претставува бронзена фигура на царот, кој седи на коњ и во раката држи православен крст.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
