Во Ресен отворена меѓународна ликовна изложба „Мост“

Академските сликари од Турција Фатон Кријезиу, Али Синани и Шабан Олан заедно со ликовните уметници Нермин Чеман од Црна Гора, Немања Величковиќ од Србија и македонските сликари Крсте Шупев и Филип Новески, синоќа во ресенскиот Сарај изложија дел од своето уметничко творештво.
Меѓународната ликовна изложба „Мост“ е одраз на автентичните култури во државите од каде гостуваат ликовните уметници во Ресен.
-Храмот на културата во Ресен е најдоброто место за размена на културни вредности. Секој посетиел забележува рефлексија на автентични култури и традиционални вредности кои ги врзува мост, рече меѓудругото Васко Василевски, директор на Дом на култура „Драги Тозија“ на синоќешното отворање на изложбата „Мост“ во Ресен.
Културниот настан се организира во соработка со Дом на култура „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци.
Ново на Сител
-

Клековски: При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса
-

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција
-

Мицкоски: Фокусиран сум на работа и проекти за доброто на граѓаните, политичите калкулации и ги оставам на опозицијата
-

Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот
-

Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска
-

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи
-

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран
-

Уапсен 19-годишниот Македонец кој се бараше за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан
