Во Преспа втор туристички саем

Со изведба на перформансот за Лабуд и Преспана денеска на плажата „Конект“ во Сливница почна вториот туристички саем во Преспа.
На 45 штандови, туристички агениции и водичи, невладини организации, угостители, издавачи на сместувачки капацитети, сликари, уметници, ракотворци и производители на храна од Преспа имаа можност меѓу себе да комуницираат да се врмежат со цел понатамошна соработка. Ракотворците и производителите на храна ги презентираа свите рачни изработки и специјалитети карактеристични за регионот, а присутните имаа можност да се запознаат и да вкусат од приготвеното.
Претседателката на здруежението против дискриминација „Женска солидарност“ Весна Миркова изрази надеж дека саемот ќе прерасне во традиција и да трае повеќе денови. Според неа, три часа не се доволни да се претстави се она со што располага Преспа.
-Би сакала саемот да прерасне во традиција и да трае не еден, туку три дена. Три часа не се доволни да се претстават учесниците. Вакви манифестации во Преспа се многу малку и треба сите да ги правиме да траат подолго, а учесниците со штандовите да ги почуствуваат бенефитите, изјави Миркова за МИА.
Една од целите на саемот, како што истакна, е вмрежување меѓу туристичките агенции, угостителите и станоиздавачите, што постигнало позитивни резултати од минатогодишното претставување.
-Бенефитот од годинашниот саем допрва ќе се види. Минатогодишниот саем вроди со плод, имавме изработени летоци со контакти од станоиздавачи, кои беа распоредени по угостителските објекти на плажите. Многу гости најдоа сместување преку овие летоци, посочи Миркова.
Преку перформансот во кој беше раскажана легендата за Лабуд и Преспана, двајца заљубени кои седат и размислуваат за другиот, но меѓу себе не знаат дека се сакаат и дилемата Лабуд да избере фустан за убавата Преспана беше прикажана модна ревија со 11 деца и со помош на публиката Лабуд го избра најубавиот фустан за неговата сакана. На крај од претставата Лабуд и изрази љубов на Преспана и среќни заминаа од сцената.
Присутните ги забавуваа локални музички бендови, а се претстави и новоформираната етно група во Ресен
Туристичкиот саем во Преспа е во организација на здружението против дискриминација „Женска солидарност“ со поддршка на општина Ресен и е дел од регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Ново на Сител
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
