Во мај зголемен бројот на работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата во мај е зголемен за еден отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Денеска објавените податоци покажуваат дека е зголемен бројот на работници за 1,2 отсто во преработувачката индустрија, а намален за 0,4 проценти во секторот Рударство и вадење на камен и за 0,5 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, пораст е забележан кај Енергија за 0,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,6 отсто, Капитални производи за 11,9 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2 отсто.
Во периодот од јануари до мај има зголемување на бројот на работници за 0,5 проценти во споредба со истиот период лани.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
