Во Крива Паланка три пожари за едно деноноќие

Кривопаланечките пожарникари вчера интервенирале на три пожари, од кои два се случиле во исто време, околу 16 часот, додека едниот на пладне.
Командирот на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Иле Коцевски информира дека во трите пожари изгореле седум декари дабова шума и половина декар сува трева.
Сите три пожари се во приградскиот реон.
- Вчера околу пладне на магистралниот пат М2, Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир кај местото Пашина воденица запалена е сува трева. На пожарот интервенираше екипа со двајца пожарникари кои за 15-тина минути го ликвидираа пожарот, изјави Коцевски.
Околу 16 часот во ТППЕ Крива Паланка примени се две дојави за пожар.
- Првата дојава е за запалена куќа во село Длабочица, стара падната куќа од која се потпалила и околната дабова шума, при што изгореле околу пет декари шума. Интервенирано е со едно возило и четворица пожарникари. Втората дојава околу 16:30 часот е за запалена млада дабова шума во село Мартиница. Во гасењето на пожарот учествуваа двајца пожарникари, еден шумочувар и еден граѓанин, а опожарени се два декари шума, додава Коцевски.
Согласно законските прописи доколку се фатат лицата кои намерно или од невнимание предизвикуваат пожар покрај прекршочна казна за плаќање должни се и да ја надоместат направената штета.
- Апелирам до месното население да не пали стрништа, да не пали оган на отворено бидејќи самите временски услови, како и големите количини собран горлив материјал од чистење на имотите, допринесуваат пожарот брзо да се шири и се предизвикува голема или ненадомествилва материјална штета, додава Коцевски.
Казните за предизвикување пожар се високи и можат да достигнат и до 3.000 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
