Во Ковид центарот во дебарската болница нема слободно легло

Во Ковид центарот во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, пополнет е капацитетот од 20 болнички легла.
– Денеска целосно е пополнет капацитетот, што значи имаме 20 лица на болничко лекување, од нив 11 се на постојана кислородна поддршка. Амбулантски се лекуваат 12 лица. Тие по добиената терапија малку одмaраат и заминуваат дома, а за преглед дневно има по петнаесетина лица, изјави за МИА Баки Алили, директор на болницата.
На лекување во здравствена установа во Скопје има две лица, едно од Дебар и едно од општина Центар Жупа.
Споредено со минатиот, овој месец се бележи зголемување на бројот на новозаразени за што, според надлежните, главна причина е непочитувањето на мерката за носење заштитна маска и групирањата по кафулиња, како и меѓусебни посети по домовите.
Во изминатите четири дена на ова подрачје опасниот вирус е потврден кај девет лица, а се очекуваат резултати од триесетина тестови. Врз основа на податоците кои вчера ги соопшти Министерството за здравство, ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во ова подрачје се 868, починале 37, а активни на болеста се 64 лица.
Ново на Сител
-

Радев: Одиме на избори
-

„Стоп за Усје“ повторно на блокада во среда
-

Трамп вели дека ја поддржува „новоназначената палестинска технократска влада“ на Газа
-

Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност
-

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп
-

Фалангата со Македонска песна по 2 400 поминати километри со автобус стигна во Данска
-

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
-

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот
