-->
-->
Во Хрватска поднесена прва пријава за ширење лажни вести
-->

Хрватската полиција поднесе пријава против еден 34-годишен маж, кој измислил приказна дека бил нападнат од мигранти, што претставува прва тужба во Хрватска за ширење лажни вести.
Мажот снимил видео на кое инсценирал дека бил нападнат од мигранти во местото Оточац, по што видео снимката и ја предал на една новинарка, раскажувајќи и ја приказната за измислениот напад.
Смимката била објавена на една локална телевизија, по што реагирала полицијата по службена должност, при што открила дека мажот воопшто не бил нападнат, поради што против него покрена прекршочна пријава за ширење лажни вести.
Согласно хрватскиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, за ширење лажни вести е предвиена парична казна или казна затвор во траење до 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
