Во Град Скопје стручни расправи за поголема ефикасност во транспортот

Повеќе презентации и стручни расправи за постигнување поголема ефикасност во транспортот се одржаа во Град Скопје, во рамки на европскиот проект CREATE – „Намалување на сообраќајниот метеж во Европа – постигнување транспортна ефикасност“.
Во овие стручни дебати и презентации, како што соопшти Град Скопје, учествувале експертот за урбан транспорт од Универзитетскиот колеџ во Лондон и координатор на проектот Клеменс Каволи, Дејвид Бул, експерт за урбан транспорт со долгогодишно искуство, професори од поголем број факултети, претставници на администрацијата на Град Скопје, од Министерството за внатрешни работи, Институтот за планирање, урбанизам и сообраќај – ИН Пума и Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија.
„CREATE“ е истражувачки проект финансиран од Европската комисија со програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ и е еден од првите проекти што се занимава со задачата за справување со урбаниот сообраќаен метеж на патиштата, особено во градовите со брз пораст на употреба на автомобилите.
- Главната цел на овој проект е намалување на сообраќајниот метеж во европските градови преку поттикнување промена на транспортните навики, од патувањата со автомобил на патувања со одржливи видови транспорт како што се користење јавен транспорт, велосипед и пешачење, соопшти Град Скопје.
Проектот треба да им помогне на градовите учесници во создавањето одржлив транспортен систем. Ова, како што се наведува, ќе се постигне преку размена на искуства и преземање добри практики меѓу градовите учесници во овој проект, пред се меѓу градови кои се карактеризираат со рапиден пораст на употреба на автомобили и градовите кои вршат релокација на просторот за автомобили на јавниот транспорт и промоција на патувања со пешачење и возење велосипед.
Ново на Сител
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
-

Сиљановска-Давкова - Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
-

Се работи на враќање на македонски граѓани од Израел, Обединети Арапски Емирати и Катар
-

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане
