Во ДИК одбележување на Глобалниот ден на изборите

По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, Стручната служба на Државната изборна комисија (ДИК) организира прв Отворен едукативен ден за граѓаните.
Ова е прв пат од своето постоење ДИК да ги отвори своите врати за граѓаните, а интенцијата е ваквите денови да станат редовна пракса.
На овој ден сите заинтересирани граѓани можат да ги посетат просториите на ДИК, каде ќе проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список.
Воедно граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК.
Едукативната тура ќе се одржи во три термини и тоа во 11:00, 13:00 и 15:00 часот во просториите на ДИК во поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“ на 4 -ти кат или, пак, да се информираат на околу остварувањето на своето избирачко право во некое од подрачните одделенија и канцеларии (http://www.sec.mk/16000-2/).
Сите заинтересирани за централните настани во седиштето на ДИК, треба да бидат десет минути пред одбраниот термин (11:00. 13:00 или 15:00 часот) пред главниот влез на зградата на седиштето. Групата од главниот влез до салата на 4-ти кат ќе ја водат вработени со беџови на Стручната служба на ДИК.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
