-->
-->
Во Чешка и пијани судии судат?!
-->

Судијата Марек Пилни во алкохолизирана состојба дошол на натпреварот во чешкото првенство меѓу Прибрам и Славија Прага (1:3)). Пилни бил четврти судија, неколкупати паднал во првото полувреме, поради што обезбедувањето на полувреме го отстранило од теренот.
Марек Пилни, чешки судија, кој бил делегиран да биде четврти судија на мечот Прибрам-Славија Прага, цело полувреме бил во центарот на вниманието на публиката, бидејќи под дејство на алкохол се појавил на натпреварот.
Првиот човек на судиите во Чешка, Мирослав Тулингер, изјавил дека Сојузот итно треба да се пресмета со Пилни, додека поранешниот судија Роберт Хен, кој бил кокоментатор на натпреварот, рекол дека е засрамен од она што го видел.
Инаку камерите на чешката телевизија во првото полувреме бил преокупирани со судијата Пилни, па не го доловиле моментот кога еден од помошниците Јиржи Јех, уринирал зад еден од головите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
