Во Бундестагот ќе се расправа за Македонија

Комисијата за надворешна политика на германскиот парламент на својата редовна 70. сесија закажана за денеска ќе распарава за Македонија.
На затворената за јавност сесија закажана за 9 часот за актуелната состојба во Македонија ќе се расправа во третата точка.
Предходно, членовите на Комисијата за надворешни работи ќе расправаат по точките за состојбата во Африка и германско - турските односи, а по Македонија ќе се расправа и за Русија, Косово, Либан и други теми.
Вообичаено комисијата расправа откако претставници на Министерството за надворешни работи ќе презентираат информации за состојбите по точките на дневен ред.
Последна расправа за Македонија во Бундестагот се случи во март минатата година кога комисијата расправаше по информација подготвена од тогашниот специјален пратеник за Македонија Ернст Рајхел. Сесиите на Комисијата за надворешни работи се одвиваат без присуство на јавноста.
Денешната дебата за Македонија во Бундестагот коинцидира со посетата на специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл на Македонија и средбите со потписниците на Договорот од Пржино на кои се разговара за начините за надминувањето на политичката криза во земјата.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
