Во Брисел почнува дводневен самит на ЕУ

Во Брисел денеска почнува дводневен самит на шефови на држави ивлади во ЕУ на кој главни теми ќе бидат бегалската криза, заштитата на надворешните граници на Унијата, борбата против тероризмот и можното излегување на Велика Британија од ЕУ.
На иницијатива на германскиот канцелар Ангела Меркел ќе биде одржан и состанок за распределбата на бегалците во Европа на кој ќе учествуваат држави кои примиле најголем број бегалци.
Откако Словачка и Унгарија пред една недела поднесоа тужба до Европскиот суд за правда поради планираното распределување на околу 140.000 бегалци во Унијата, Германија и други западноевропски држави засилено бараат решенија независно од источна Европа.
Тема на самитот ќе биде и желбата на Британија да ги реформира своите врски со ЕУ. Но, брзо решение нема да има бидејќи премиерот Дејвид Камерон во почетокот на ноември изрази полуконкретни барања за одржување референдум за членство во ЕУ во летото 2016 година.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
