Во Битола почна вакцинацијата против сезонски грип

Jавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола почна со вакцинација против сезонски грип која ќе се реализира во општините Новаци, Могила, Кичево, Демир Хисар, Ресен и во Битола.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола информираат дека се обезбедени 3.800 вакцини, а доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка.
- За граѓаните од општините Битола, Могила и Новаци обезбедивме 2.400 вакцини, за општина Кичево 700 вакцини, за општина Демир Хисар, 200 и за општина Ресен, 500 вакцини за чија употреба имаме одобрение од Бирото за лекови на Република Македонија. Вакцината е со унифицирана цена од 400 денари и сепрепорачува за лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип, истакна епидемиологот Тони Коњановски од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Вакцината не се препорачува, и не треба да ја примаат лица алергични на јајца и пилешки протеини, алергични на гарамицин, лица со покачена температура или акутна инфекција, лица со акутни влошувања на хронична болест и бремени во првиот триместар од бременоста, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
