Во Белград повторно протест на српската опозиција поради нерегуларните избори

Поддржувачите на српската опозиција денеска се вратија на улиците на Белград, обвинувајќи ја популистичката Влада на претседателот Александар Вучиќ за измама на минатомесечните парламентарни и локални избори.
Демонстрантите бараат поништување на резултатите од гласањето на 17 декември и повторно да се одржат слободни и фер услови.
Слични демонстрации беа одржани неколку дена по изборите.
На минатогодишните избори за победник беше прогласена владејачката Српска напредна партија, но главната опозициска алијанса „Србија против насилството“ тврди дека изборите биле украдени, особено на изборите за градските власти во Белград. Изборните власти и судовите ги отфрлија жалбите поднесени од опозицијата.
Според меѓународните набљудувачи дека изборите се одржале под нефер услови и тие укажаа на сериозни нерегуларности кои вклучуваат полнење на гласачки кутии и купување гласови.
Некои набљудувачи на локалните избори тврдат дека гласачите од цела Србија и од соседните земји биле носени со автобуси да гласаат во Белград. Тие исто така тврдат дека поддржувачите на власта биле регистрирани на лажни адреси.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
