Во Белгија нови 558 заболени, уште 30 мртви во последните 24 часа

Пандемијата од коронавирус однесе уште триесет живот во Белгија, а вкупниот број починати се зголеми на 67, јави дописничката на МИА од Брисел.
Здравствените власти соопштија дека 558 нови лица се регистрирани како заразени, вкупниот од почетокот на пандемијата изнесува 2.815 заразени.
Речиси 300 лица биле хоспитализирани вчера, а уште 74 пациенти се пренесени на интензивна нега.
Овие бројки се однесуваат само на регистрираните случаи. Со оглед на тоа дека не се тестира целото население, туку само оние со тешки симптоми, реалната бројка е многу повисока.
Најголем број заболени има во Фландрија, најмалку во Брисел.
Властите потсетуваат дека сите возрасти можат да бидат заразени и тешко болни.
Од вчера Белгија ги затвори своите граници и забрани секакво патување и внатре во земјата и надвор од неа, освен за неопходни случаи.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
