Во 2017 година во САД полицијата убила околу илјада луѓе

Американската полиција убила околу илјада луѓе ширум државата во различни акции во 2017 година, се вели во извештај објавен од Вашингтон пост.
Според ФБИ, 46 полицајци се убиени во акции.
Податоците укажуваат дека полицијата од огнено оружје погодила 987 луѓе во минатата година, што е за 26 отсто повеќе отколку во 2016 година кога биле убиени 963 лица.
Меѓу нив се околу 22 отсто Афроамериканци, иако тие се само шест отсто од популацијата во САД. Хиспаноамериканци се околу 18 отсто убиени додека меѓу убиените се околу 44 отсто белци мажи.
Еден од четворица убиени имал ментални пореметувања.
Весникот објави дека се забележува дека постојат одредени несогласувања меѓу бројот на убиени во нивниот извештај и бројот кој ФБИ го наведува. Во 2017 година, броевите до кои дошле од тој весник се двојно поголеми од оние што ги наведува ФБИ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
