ВМРО – НП: Францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава
ВМРО – Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да се тргне ветото кон Северна Македонија, не само што се отвора патот на Европската интеграција на државата, туку и дефакто денешната ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент на која беше донесена познатата рамковна позиција за Македонија.
Со која рамковна позиција да се потсетиме Северна Македонија требаше самата да објави дека „македонскиот јазик и македонската нација потекнуваат од 1945 година, а пред тоа биле бугарски“.
Според тоа ВМРО – Народна партија смета дека францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава и за тоа сакаме посебно да го поздравиме преговарачкот тим на Република Северна Македонија.
ВМРО – Народна партија смета дека францускиот предлог треба да претрпи одредени корекции но исто така повикуваме нашата држава да не ја испушти оваа шанса.
Во таа насока посебно сме непријатно изненадени дека кај најголем дел од противниците на францускиот предлог се уште сметаат дека најголем проблем е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Оваа позиција не можеме да ја разбереме и навистина сакаме да споделиме дека тоа не само што не е проблем туку е и голем исчекор за Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО – Народна партија
Ново на Сител
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
