ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е најголемиот губитник на изборите, оставка веднаш
Зоран Заев е најголемиот губитник на изборите. Зоран Заев изгуби со повеќе од 100 илјади гласа разлика.
Иако по катастрофалниот пораз ја најави својата фејсбук оставка, веќе цели 2 недели граѓаните очекуваа дека барем едно свое дадено ветување ќе си го исполни.
Повторно се докажа максимата дека Зоран Заев никогаш не си стои на зборот, па затоа мораше да измисли нова фраза, досега не позната, повлекување на оставката на неопределено време.
Наместо оставка, за да си ја продолжи својата политичка кариера, премиерот во заминување Заев се дрзна дури и да киднапира народен избраник, се со цел да не му се изгласа недоверба во Собранието.
Со ваквиот негов чекор очигледно е дека тој државата ја смета дека е еден нарко картел, па почна да киднапира луѓе за да продолжи криминалот на кланот Заеви.
Македонија со оваа картелска власт секој ден се повеќе тоне економски, граѓаните осиромашуваат, а криминалот и корупцијата растат.
Граѓаните јасно покажаа дека се против оваа криминална власт, и падот на оваа најкриминална власт до сега ќе дојде многу брзо. Колку повеќе се препелкаат во калта, толку поболен ќе им биде падот од власт.
Оставката на Зоран Заев за многу брзо ќе му ја испорачаат граѓаните. Но по падот на Заев и целата криминална влада, одговорност ќе има за секого.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
