ВМРО-ДПМНЕ: Заев да престане со преговори за идентитетот
Заев кој го беше потписник на штетниот договор со Бугарија, како и на „братска“ линија со бугарските политичари кои сега не оспоруваат, лагите дека не знаел што сака Бугарија се попусти за македонската јавност, затоа што заради неговите и непромислените постапки на Димитров, ветер и магла станаа ветувањата за преговори со Европската унија.
Заев, Димитров и СДСМ се лично одговорни за оспорувањата кои доаѓаат од бугарските политичари, тие прифатија една земја да го оспорува македонскиот идентитет, да наметнува омраза и таа да кажува што ќе стои во македонските
учебници.
Функционерите на СДСМ не изустија ни збор после навредите дека македонскиот јазик е бугарски, дека Гоце Делчев е бугарин, дека не постојат Македонци, ниту македонски идентитет пред 1944 година, затоа што знаат точно што договарал Заев во Софија.
Македонската јавност сеуште не дозна што стоеше во нон пејперот кој му го даде Бучковски на Борисов како гаранција или потврда на она што тие го негираат.
СДСМ сеуште бега во законодавниот дом и на најнедемократски начин не сака ни дадискутира јавно за проблемите со источниот сосед, а најмалку е заинтересирана пред своите граѓани да објасни зошто не ги штити националните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетските прашања, но ако Бугарија продолжи со своите барања ќе бараме напуштање на договорот кој го потпиша Заев, како и склучување на нов договор.
Бугарските политичари наведуваат дека Бугарија не била сама во овој процес на блокирање на Македонија, па доколку тоа навистина е така, ако некои европски бирократи продолжуваат да стојат на страна и покрај хегемонистичките и „големо- државни“ идеи на оваа земја членка и не ги почитуваат заложбите на македонскиот народ кон Европската унија, ќе заклучиме дека не споделуваме исти вредности, како и тоа дека до европеизацијата треба да дојдеме сами и да чекаме други гарнитури политичари со кои нашите национални и државни интереси ќе бидат на иста линија.
ВМРО-ДПМНЕ верува дека Европската унија има наднационални, но и културни вредности кои обединуваат во различностите на народите, каде политиката на почитување и прифаќање на различните е доблест, а асимилацијата и негирањето на нациите, како и омраза од страна на земја членка кон земја кандидат за членство не е европска вредност.
Прашање на време е само кога Заев ќе направи нов дебакл затоа што карактерна навика му е да дејствува антидржавно и спротивно на националните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните нема дозволат власта повторно да се тезгари со идентитетот, јазикот и нема да дозволи никој да ја брише или преименува историјата.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
