ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши депрофесионализациија на институциите

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ врши депрофесионалаизација на институциите и дека на места каде што треба да се именуваат луѓе со минимум високо образвование се поставуваат лица со завршено средно училиште или наместо луѓе со стручна струка се именуваат лица од сосема различна област.
Славче Трпески од ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција како примери за ова ги наведе назначувањата во центрите за социјална работа во Република Македонија.
- Согласно законот за социјална работа и согласно статутот на установата, Директорот на установата Центарот за социјална работа може да биде избрано лице кое треба да ги исполнува следниве услови: да има високо образование, 240 ЕКТС кредити или завршен VII/1 од следните образовни профили: дипломиран правник, дипломиран социјален работник, педагог, психолог, економист, дефектолог или социолог, рече Трпески.
Праша дали новоназначената директорка во Центрарот за социјални работи во Крива Паланка, Зорица Петревска има VII/1 степен завршено образование и дали новоназначениот директор во Центарот за социјални работи во Битола го исполнува условот за образовен профил.
Според него, пример за незаконско разрешување и поставување на партиски кадри во институциите е и разрешувањето на директорот на Јавното претпријатие Македонски шуми, Жарко Караџовски.
Трпески додаде дека сите носители на јавни функции кои се именувани, а не ги исполнуваат пропишаните законски услови, треба да бидат свесни дека нивниот избор е незаконски, и дека подлежат на кривична одговорност во однос на сите дејствија кои ќе ги превземат во институциите во кои се незаконски избрани.
Ново на Сител
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
-

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
