ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата се обединува, СДСМ се раситнува

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива направија договор за соработка против корупцијата и коалицијата СДСМ – ДУИ која ги уништува општините.
Потребата од соработка е дотолку посилна поради лошиот правец во кој оди државата со СДСМ – ДУИ.
Поразителните податоци на индексот на корупција во извештајот на Транспаренси Интернешенал, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, лошите оценки и константи негативни рангирања на Економист, Херитиџ и други реномирани светски организации и медиуми се аларм дека се потребни промени.
И додека опозицијата се обединува, СДСМ се раситнува. Коалицијата целосно им пропаѓа, се повеќе партии одат посебно, се повеќе луѓе од СДСМ истапуваат независно.
Во СДСМ има бунт против политиките на Заев. СДСМ ја очекува тежок дебакл.
Сите прогресивни сили кои сакаат Заев и оваа лоша реалност да се смени треба да се обединат.
Имаме јасна цел за јакнење на фискалниот капацитет на општините и градот Скопје, а потоа и зголемување на процентот на персоналниот данок на доход, како и на процентот кој од данокот на додадена вредност се префрла кон општините.
Ќе спроведеме рамномерен регионален развој и ќе ја промениме во целост негативната реалност.
Имаме план за развој, раст и инвестиции. Македонија мора да тргне напред. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
