ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува во програмата на СДСМ

СДСМ кога беше на власт затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе. Денес зборуваат за субвенции, а кога беа на власт не дадоа ниту денар за фирмите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на претседателот на Комисијата за економија на СДСМ Драган Тевдовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека тие отвориле 160.000 нови работни места, а оти СДСМ затвориле постоечки 200.000 работни места.
Според ВМРО-ДПМНЕ, никој не верува во ветувањата и програмата на СДСМ која се базирала на ветувања дадени од ракав.
- Благодарение на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и мерките кои ги презема во изминатиот период невработеноста се намали на рекордно ниско ниво од 23,4 отсто, за разлика од СДСМ кога изнесуваше речиси 39 проценти. Граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи СДСМ загуби и нема да има прилика своите катастрофални економски политики повторно да ги спроведува, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
-

ТАВ ја укина одлуката за ограничување од еден бесплатен влез по возило во 24 часа на Скопскиот аеродром
-

„Skopje Pride“ утре ќе протестира пред Амбасадата на Турција за поддршка на своите соборци во Турција
-

11 недели по формирањето, распуштена единицата за дрога во Куманово поради немање резултати
