ВМРО-ДПМНЕ: Иднината е во новиот заеднички патриотизам
Иднината е во новиот заеднички патриотизам, а не државата да биде поделена помеѓу клановите на власта, Струмица на Заевци, а Битола на Вицевци.
Заеднички патриотизам е да донесеме нови странски инвестиции, се повеќе домашни фирми да го окрупнуваат производството, а младите да се охрабруваат да влегуваат во приватен сектор и да отпочнат свој бизнис, за да обезбедиме повисоки плати. Да има повеќе пари за народот. А не како сега сите бизниси да ги добиваат фирмите блиски до Вице.
Заеднички патриотизам е кога ќе се обединиме да изградиме нова клиничка болница која нема да вреди половина милијарда евра затоа што овие од здравство бркаат провизии. Заеднички патриотизам е кога наместо да се поставуваат модуларни како во Тетово ќе се прават болници од цврста градба, ќе се доврши клиничката болница во Штип, која 5 година не е чепната.
Заеднички патриотизам е кога борбата против криминалот ќе биде неприкосновена. А не името на Вице да исчезнува од кривична пријава, само затоа што е брат на премиерот. Заеднички патриотизам е кога исто ќе важи законот и за премиерот и за земјоделецот кој произведува храна да ја прехрани нацијата.
Заеднички патриотизам е кога ќе имаме задоволни земјоделци чија пот и мака ќе бидат исплатени до последниот денар. А не како до сега родот да завршува на буниште.
Заеднички патриотизам е да се бориме за квалитетно образование, а не образование со електронски учебници само затоа што треба да има тендери што ќе завршат во приватни џебови.
Заеднички патриотизам е Македонија да напредува, народот да е побогат, политичарите слуги на народот, а институциите во служба на граѓаните. Време е да создадеме нова иднина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
