ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива за 13.13 денари на литар, пари за матни тендери
Заради СДСМ и ДУИ граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива за 13.13 денари на литар, тоа се пари за буџетот и за матни тендери.
Од 2017 година до денес акцизата за горивата е зголемена за 13.13 денари, тоа се пари кои граѓаните ги плаќале повеќе на еден литар гориво не затоа што цената на горивата на светските берзи била висока, туку затоа што СДСМ и ДУИ така одлучиле, и на тој начин имале екстра приход за буџетот, за да имаат повеќе пари за тендери.
И сега кога цената на горивата скокна на светските берзи, тие не се откажуваат од својата екстра заработувачка, и не го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%.
Но не е само до растот на цените на горивата во изминатава година и половина цените на брашното, зејтинот, млекото и другите основни продукти се зголеми и за 70%.
Како резултат на нивната неспособност се покачи и цената на струјата за 30%, и милиони евра од буџетот завршија кај трговците со струја, кога истата рушеше рекорди на берзите.
И додека цените растат, платите и пензиите не се покачија воопшто.
СДСМ одби покачување на пензиите за 20%, како и покачување на платите. Тие носеа само привидни мерки без реален инпакт по стандардот на народот и трошоците на производство во индустријата и земјоделието.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
