ВМРО-ДПМНЕ: Дезертер премиер ја уцени дезертер градоначалничката
Вистинското прашање на кое што денес треба да одговорат од клептоманската СДС на македонската јавност е дали Ковачевски дезертирал од АРМ во 2001 години, правејќи се трајно неспособен.
Течат 24 часа рок на кој што очекуваме од Ковачевски да одговори на прашањата за неговото дезертерање од Армијата на Македонија.
Навистина е нехумано тоа што младиот Каевски денес го пуштија да го спасува дезертерот Ковачевски.
Што се однесува до темата Данела Арсовска, јасно е дека дезертерот премиер Ковачевски си ја црпна дезертер градоначалничката Арсовска, која што седи во скутот на клептоманската СДС, затоа што е уценета.
Арсовска е уценета со кривични пријави како што е скандалот со прочистителната станица за Скопје и за уште нерасчистеното дело за палење на автомобилот на претседателката на стопанските комори, за кое има сомнение дека позади него стои лично Данела Арсовска.
Од денес па понатаму Данела Арсовска ќе ја третираме како дел од дезертерската коалиција на антимакедонската СДС.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
-

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство
