ВМРО-ДПМНЕ бара попис со отпечатоци од прсти

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават апарати за отпечаток од прст и тие да се користат при спроведувањето на пописот за на крајот сите да бидат сигурни во резултатите и тие да бидат признаени од сите политички фактори во Република Македонија, а не да се добијат резултати заради мир во коалицијата на власт, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.
– За да можат да бидат релевантни податоците извршени со пописната операција и за да бидат резултатите од пописот признаени од сите политички фактори и од сите институции и институти во Република Македонија, предлагаме решение, а тоа е да се набават оние апарати за отпечаток на прст при спроведувањето на пописот. И на крајот сите да бидат сигурни во резултатите на пописот, дека не станува збор за политичко решение заради мир во коалицијата на власт, туку дека е извршен попис кој што ќе ги даде вистинските параметри за напредок на Република Македонија и дека тие резултати ќе бидат признаени од сите политички фактори во Република Македонија – рече Стоилковски.
Според него, законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце и при тоа се злоупотребува скратената постапка.
– Ова е закон за попис кој што всушност е за една употреба, за еден пописен процес во деценијата. Ова е закон кој што треба да определи една статистичка операција, пребројување на населението, а во него како секогаш до сега била вклучена методологијата. Но овој пат изостанува методологијата според која што ќе биде вршена оваа статистичка операција. Тоа е така затоа што, во моментот овака како што е предложена и објаснета не станува збор за статистичка операција туку за политички договор кој што се потврдува со два врзани потписи. Вака како што е предложен законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија – додаде Стоилковски.
Ново на Сител
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
