Владата ги утврди измените на Законот за внатрешни работи

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи го утврди Владата на 171 седница. Основната цел на предложените измени и дополнување е заштита на правата од областа на пензиското и инвалидското осигурување на пензионирани работници од Министерството за внатрешни работи, кои правото на пензија го оствариле во периодот од 1 јануари 1994 година до 20 март 2010 година исклучиво според одредбите на тогаш важечкиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување, со што ќе се ублажи неправдата на овие пензионирани работници.
Со предложените измени, овие пензионирани работници на МВР ќе се стекнат со право на пензија согласно одредбите од Законот за внатрешни работи од 2010 година, според кои старосната пензија се утврдува во висина од 80 отсто од просечната месечна нето плата што работникот ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.
Ново на Сител
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
