-->
-->
Влада: АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи
-->
АД ЕСМ на 26.10.2022 година произведе 11.569 MWh електрична енергија.Во Термоелектраните произведени се 8.449 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.120 MWh.
Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика.
Во РЕК Битола производството е интензивирано заради испадот на РЕК Осломеј каде се санира пукната цевка во котелот, што најчест дефект во термоелектраните. РЕК Осломеј треба да биде повторно на мрежа од сабота, 29 октомври.
АД ЕСМ на 26.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
