-->
-->
Венгер: Последните 25 минути за нас беа ноќна мора
-->

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не можеше да поверува што му се случи на неговиот тим на синоќешното гостување кај Баерн во Лигата на шампионите. Арсенал загуби со 5:1, иако на полувреме резултатот беше нерешен 1:1.
- Се уште не ми се верува што се случи. Последните 25 минути беа вистинска ноќна мора за нас. Немавме одговор на нивните акција. Беше тешко да се вратиме по примените два гола, а потоа се отиде на лошо. Ќе треба да направиме анализа, но мора да го прифатиме резултатот таков каков што е, иако исходот за нас е многу неповолен, изјави францускиот стручњак по дуелот во Минхен.
Реваншот на „Емирати“ во Лондон е на 7 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
