Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Софија

Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски денеска ќе гостува во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат пациентите без седативи.
- Во време на глобализација, кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација, наведува Велешкиот театар.
Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов. Настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.
„Синиот портокал“ е трета продукција на Велешкиот театар за 2017 година и со над 30 изведби досега е една од најизведуваните претстави.
Ново на Сител
-

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0
-

Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
