Вечерно искачување на „Водно“

„Почни со Водно“ е мотото на вечерашното организирано искачување на Водно, кое започнува во 19 часот од пред основното училиште „Кочо Рацин“ над Клиничкиот центар во организација на планинарското друштво „I love hiking-Guardians of Nature“. На врвот на Водно планинарското друштво организира забава со ди-џеј Славе.
- Мотото „Почни со Водно“, на социјалните мрежи и меѓу помладата популација изминативе неколку месеци стана препознатлив синоним за вечерните планинарско-рекреативни дружби кои секој четврток, во попладневните часови, во организација на скопското планинарско друштво „Го сакам планинарењето-Заштитници на природата“ се одржуваат на Водно. Уште од пролетва група планинари ентузијасти и членови на најмладото планинарско друштво во Скопје решија да ја реализираат својата идеја што поголем број на жители на Скопје да мотивираат да им се приклучат во планинарењето и да им ги откријат убавините на планините, спортувањето, дружењето во природата на сите оние кои посакале да планинарат, но досега не се охрабриле да го направат првиот чекор, велат од планинарското друштво.
Оттаму велат дека најдобро за оние што имаат волја да планинарат да почнат со искачување на врвот на Водно (1.067 мнв), што, како што посочуваат, е добар двоиполчасовен тренинг.
Од друштвото потенцираат дека се потребни спортски обувки и облека и доволно вода, како и ламби кои ќе овозможат непречено движење низ планината, а за безбедно движење низ природата, како и за забава, ќе се погрижат нивните членови.
Организаторите информираат дека вакви вечерни искажувања на „Водно се одржуваат секој четврток.
Ново на Сител
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
-

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски
-

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож
-

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона
-

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари
-

АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози - нема опасност за луѓето
-

САД ќе издадат монета од еден долар со ликот на Доналд Трамп
-

Приведени две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити и се стекнале со 10.820.000 денари
