„Вашингтон пост“: Истрага за обидите на Трамп да ја опструира правдата
Специјалниот советник Роберт Милер во истрагата за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД минатата година ги испитувал евентуалните обиди на претседателот Доналд Трамп да ја опструира правдата, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Обидите за опструкција се слушнаа минатиот месец кога Трамп го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми, кој во сведочењето пред Сенатот минатата недела изјави дека смета оти е отпуштен „поради истрагата за Русија“.
Коми исто така во сведочењето рече дека на Трамп му рекол дека не е под истрага.
Портпаролот на личниот адвокат на Трамп, Марк Корело синоќа во одговор на прашањето на „Вашингтон пост“ изјави дека „истекувањето информации за ФБИ за претседателот е невидено, неоправдано и незаконско“.
„Вашингтон пост“ се повикува на анонимни извори запознати со барањата на иследниците. Не е познато дали ФБИ бил извор на тие информации.
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
