Варуфакис: Германија сака Грција да излезе од еврозоната со цел да ја испровоцира Франција

Германија сака Грција да биде исфрлена од еврозоната со цел да ја испровоцира Франција и да ја натера да го прифати „нејзиниот модел на дисциплинирана еврозона“, изјави поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис.
- Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле сака излегување на Грција од еврозоната или Грекзит, за да ги појасни нештата на овој или оној начин, напиша Варуфакис во напис за британскиот весник „Гардијан“.
- Уверен сум дека германскиот министер за финансии сака Грција да биде исфрлена од заедничката валута, за да ги испровоцира Французите и да ги натера да го прифатат новиот модел на дисциплинирана еврозона, нагласи Варуфакис, кој во понеделникот поднесе оставка.
Според него Германија, која најгласно се залага за буџетска дисциплина во Европа сака да ја претвори Грција во пример за да ги потчини Французите.
Тој истакна дека кога Грција станала платежно неспособна во 2010 година, наместо преструктуирање на долгот и реформа на нејзината економија, била избрана „отровната варијанта на отпуштање нови заеми на банкротиран должник, преправајќи се дека тој е платежно способен“.
- Откако СИРИЗА дојде на власт големо мнозинство во Еврогрупата, предводена од Шојбле го прифати Грекзит како преферирано решение или оружје против нашата Влада, додаде Варуфакис.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
