-->
-->
Вардар убедливо го совлада Рајн Некар
-->

Македонскиот првак Вардар ја оствари и шестата победа во ракометната Лига на шампиони.
Вардарци вечерва на гостувањето во Франкфурт, го совладаа германскиот тим Рајн Некар со 33-27 полувреме 17-16.
Најефикасен во редовите на „црвено-црните“ беше Хуан Канељас кој постигна 10 годови, дедека Лука Циндриќ постигна 7, а Хорхе Македа беше стрелец на 4 гола.
Вчеравечер во дуел од истата Б група, европскиот првак Киелце како гостин го совлада ППД Загреб со 23-26.
.
Останатите две средби од оваа група, Мешков Брест – Целје и Кристијанштад – ПИК Сегед, ќе се играат во сабота.
На табелата, водечки е Вардар сега со 12 бодови, пред Киелце кој има 10, а по нив следуваат: Рајн-Некар 9, ПИК Сегед 7, Мешков Брест 6, Кристијанштад 3, Целје 3 и ППД Загреб 2.
Покрај натпреварот во Франкфурт, вечерва се одиграа уште две средби од 7.коло во Лигата на шампионите. Во рамките на А групата, Висла Плок – Кадетен Шафхаузен 33-26 додека во Д групата, Динамо Букурешт со 30-25 го совлада Холстебро.
Македонскиот вицепрвак Металург својот натпревар од ова коло ќе го игра во недела од 18:15 часот и тоа на гостувањето кај Евлерум.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
