Вардар 1961 остана без групна фаза во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа попладнево пораз на реваншот на гостински терен против германски Рајн Некар и останаа без пласман во натпреварите по групи во Лига Европа.
Македонскиот тим се најде во невозможна мисија да обезбеди место во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако на првиот натпревар во Скопје загуби со 34-25, а во реваншот претрпе пораз од 37-33 (17-17).
Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше Милан Лазаревски со седум погодоци, а еден помалку постигнаа Томислав Јагуриновски и Стефан Петриќ.
Со елиминацијата на Вардар 1961, единствен македонски претставник во групната фаза во Лига Европа ќе биде вицешампионот Алкалоид. Тимот предводен од македонскиот селектор Кирил Лазаров ќе игра во групата Ф против Силкеборг, Ла Риоха и Војводина.
Натпреварите од групната фаза ќе стартуваат во октомври.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
