-->
-->
Валас: Путин си игра со оган
-->
Со нападот на нуклеарната електрана во југоисточниот дел на Украина, рускиот претседател Владимир Путин си игра со оган, изјави денеска, британскиот министер за одбрана Бен Валас. Тој го повика Путин да престане со нападите на такви цели.Како што соопшти Киев, руската војска ја зазела најголемата европска нуклеарна електрана Запорoжје, откако ја нападнаа рано утринава.
При нападот, настана пожар во петкатен објект за обука.
– Најцврсто апелираме до рускиот претседател, во потполност да престане со напаѓање такви места. Тоа е многу опасно, појасни Валас на прес конференцијата, за време на посетата во Копенхаген.
Според министерот, тоа не е опасно за Украина и Русија, туку за Европа.
– Тоа е играње со оган, надвор од сè што е поврзано со логика или потреба, истакна Валас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
