Утре изменет сообраќаен режим поради „Скопје на точак 2019“

Посебен режим на сообраќајот ќе биде воведен утре во Скопје поради велосипедската трка „Скопје на точак 2019“.
Трката почнува во 11.00 часот, а трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос“ во Градски парк, право по булеварот „Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, лево по бул.„Партизански одреди“, лево по бул.„ВМРО“, па десно по бул.„Гоце Делчев“, десно по бул.„Крсте Петков Мисирков“, во продолжение по бул.„Кочо Рацин“, десно по ул.„Свети Кирил и Методиј“, десно по бул.„Свети Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“, до пред фонтаната „Лотос“ во Градски парк.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедската трка.
„Скопје на точак 2019“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
