Утре го славиме Митровден- секој треба да биде во својата куќа
Православната црква утре го слави Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…
Свети Димитриј е роден во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос.
Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.
Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
За овој ден постои верување. Во очите на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.
Ново на Сител
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
