-->
-->
Усвоени развојни програми за Берово за 2016 година
-->

Советот на Општина Берово ги усвои развојните програми за општината за 2016 година, според кои Берово наредната година ќе гради прочистителна станица во градот, канализациска мрежа во село Мачево, улица во населбата Ширината, детска градинка, како и кружна крстосница на влезот во градот.
Крстосницата ќе биде лоцирана на главната улица „Маршал Тито“, а средствата во висина од 8,5 милиони денари се обезбедени преку Програмата ИПА. Од Општината информираат дека до крајот на годината ќе биде распишан тендерот, а градежните работи треба да завршат до декември 2017 година.
Вкупната вредност на сите проекти планирани за развој е околу 80 милиони денари. Инаку, како што истакна Ѓорѓи Пеовски од Општина Берово, во развојните програми планирани се и средства за дореализација на проектот од областа на екологијата, кој се однесува на реконструкција и заштеда на енергија во градинката „23 Август“ во село Русиново. Овој проект Берово го работи во партнерство со општина Гоце Делчев од соседна Бугарија, финансиран преку ИПА програмата.
- Целите на овој проект се да се зголеми енергетската ефикасност во детските градинки во двете општини во пограничниот регион, да се намали загадувањето на животната средина, како и развој на образовна еколошка програма за обновлива енергија и заштита на животната средина за малите деца, потенцираше Пеовски.
Проектот е финансиран преку ИПА програмата, а треба да заврши до мај 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
