Уште пет дена за пријавување за „Скопје трча 10 КМ“

Остануваат уште пет дена за пријавувањето на најновата трка од организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон. На 8 октомври (недела) во 9 часот ќе се трча 10 километри низ улиците на Скопје.
- Развојот на спортскиот начин на живеење во Скопје ги мотивираше организаторите да подготват нова улична трка која, поради нивото на интерес, очекуваат да прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе ги одбележи есенските месеци, информира организаторот.
Покрај трката од 10 километри во склоп на Скопје трча 10КМ се организира и штафетната трка од 2 х 5 километри која веќе буди интерес кај компаниите како дел од нивните тим билдинг активности. Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на http://skopje.run.
Стартните пакети можат да се подигнат на 7 октомври (сабота) во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 10 до 18 часот.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија.
Генерален покровител на Скопје трча 10 КМ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори. Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).
Ново на Сител
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
