-->
-->
Уште еден затвореник од Идризово почина во болница
-->

Вчера околу 11,00 часот во Скопје во Клиничкиот центар-„Мајка Тереза“ починал М.А. (73) од Гостивар кој бил на отслужување на казна затвор во КПУ “Идризово“ во времетраење од 4,5 години.
Истиот на лекување бил донесен на 02.01.2017 година, прво на Клиника за нефрологија, а откако му се влошила состојбата, на 03.01.2017 година бил префрлен на „КАРИЛ“, каде и починал.
Телото на починатиот било предадено на обдукција.
Пред два дена С.Р. (56) од с.Речане- гостиварско осуденик во затворот КПУ „Идризово“ околу 10,00 часот тој ден бил однесен во Токсикологија, а околу 12,30 починал. Тој боледувал од канцер, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Во октомври минатата година двајца затвореници починаа во или на пат кон болница.
Така на 26 октомври на Клиниката за гастрологија, починал Б.И. (29) од с.Лојане, кумановско кој издржувал казна затвор во КПУ-Идризово и боледувал од цироза, а два дена пред тоа бил донесен во клиниката поради влошена здравствена состојба.
На 17 октомври минатата година на пат од КПУ-Идризово кон Клинички Центар во возило починал затвореникот Ш.З. (46) од с.Радожда, струшко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
