Управен одбор за проектот самовработување со кредитирање

Министрите на денешната владина седница донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектите „Самовработување со кредитирање“ и „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање нови работни места.
Како што соопшти владината прес-служба, се работи за проекти кои се реализираат преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица кои сакаат да го решат своето вработување.
Во рамки на Проектот за кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места постои можност за правните субјекти кои ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување на три невработени млади лица до 29 години.
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
