Македонија
14. December 2025 - 19:28

Прегазено 4-годишно дете во Кичево

Вчера околу 12:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Кичево, патничко возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) од Кичево, удрил во четиригодишно дете од с.Арангел, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило четиригодишното девојче, констатирани во Медицински центар Кичево.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.