Уписите на првачињата почнуваат во мај

Во мај почнува уписот на првачиња, информира Снежана Санева раководител на Секторот за образование ЛЕР и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека родителите на децата родени во 2020 година треба навреме да ги запишат своите деца и овој пат нема да има никакви промени со реонизацијата, што значи дека секое дете ќе посетува училиште во својата населба.
Сите основни училишта ќе објават огласи, а информациите ќе бидат јавно достапни. Надлежните апелираат документите да се подготват на време за да се избегнат гужви.
-На почетокот на месец мај се распишуваат огласите за упис на ученици во основното образование и сите училишта имаат обврска да распишат оглас, односно конкурс за упис на ученици во прво одделние и да ги објават конкурсите на своите веб страници, исто така и на вратите и огласните табли во училиштата. Очекуваме дека сите родители кои што имаат дечиња кои што се родени 2020 година, веќе ќе ги запишуваат своите деца во основно образование- рече Санева.
За уписот ќе бидат потребни неколку документи, кои родителите треба навреме да ги подготват. Откако ќе се достави целосната документација, децата ќе бидат запишани во училиштето што припаѓа на реонот во кој живеат.
-Па вообичаено тоа со документи кои што потврдуваат родителство, односно матична книга на родените, лична карта на родител или старател, потврди за примени вакцини, за офталмолошки преглед. Така што од кога ќе ги донесат тие документи, ќе бидат соодветно примени во она училишта, каде што припаѓаат во реонот во кој што живеат- рече Санева.
Постапката за упис на правчињата ја спроведува училишна комисија, а при уписот задолжително е присуство и на родителот и на детето. Од училиштaта нагласуваат дека навремената подготовка на документите е клучна за непречен и организиран упис на сите идни првачиња.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
