Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата

Научници од универзитетот Оксфорд развиваат нова вакцина против ебола за справување со епидемијата на оваа болест, која брзо се шири во Демократска Република Конго.
Оксфордската група за вакцини (ОВГ) ја користи истата технологија врз која се засноваше вакцината против Ковид-19 за да развие нова вакцина специфична за сојот на вирусот ебола во сегашната епидемија.
За реткиот вид на ебола што во моментов се шири во Демократска Република Конго (ДРК), познат како Бундибуџо (Bundibugyo), нема докажана вакцина и тој убива 30 до 50 отсто од заразените.
Бундибуџо претходно предизвика само две епидемии – во Уганда во 2007 година, а потоа во ДРК во 2012 година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Професорката Тереза Ламбе, раководителка на одделот за имунологија на вакцини во ОВГ, изјави: „Мојата надеж е дека оваа епидемија може брзо да се стави под контрола и дека вакцините на крајот нема да бидат потребни“.
- Сепак, нашиот тим и партнерите ќе продолжат да работат за да осигураат дека се достапни потенцијални опции за вакцина доколку бидат потребни. Способноста да се дејствува брзо во вакви ситуации е изградена врз долгогодишно истражување на вакцини и блиска соработка со нашите глобални партнери – додаде таа.
ОВГ претходно тестираше вакцини против ебола како одговор на епидемијата во Западна Африка од 2013 до 2016 година, што придонесе друга вакцина против ебола да биде одобрена од Европската агенција за лекови во 2020 година.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека здравствената агенција на ОН го оценила ризикот во рамките на ДРК како „многу висок“, бидејќи вирусот „брзо се шири“ во земјата.
Шефот на СЗО соопшти дека во земјата се потврдени 82 случаи, со речиси 750 сомнителни случаи. Тој рече дека има седум потврдени и 177 сомнителни смртни случаи.
Во поширокиот регион ризикот сега се смета за висок, но на меѓународно ниво тој останува низок, според СЗО.
Претходно денеска, Обединетите нации доделија 60 милиони долари од својот Централен фонд за одговор при вонредни состојби за да го забрзаат одговорот во регионот.
САД ветија 23 милиони долари за зајакнување на одговорот и соопштија дека ќе финансираат до 50 клиники за лекување на ебола во погодените региони. Властите на Уганда изјавија дека не се запознаени со какви било центри за лакување што ги основаат САД.
МИА
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
