-->
-->
Укината забраната за камиони на патот Струга-Ќафасан
-->

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга - граничен премин Ќафасан е укината во 10:30 часот, на патниот правец крак Стража – Кичево е укината во 09:50 часот и на патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир во 09:15 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово - Попова Шапка и крак Маврово - Дебар.
Забрана за движење на автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
